„Пророкот“ Балотели: Крајот на светот се одложува се додека Ливерпул не ја освои титулата

Изјавата на лошото момче на италијанскиот фудбал од 2012 година е вистински хит помеѓу фановите.

Фудбалот е суспендиран за време на кризата поради коронавирусот, а исклучок не е ниту најатрактивното домашно првенство, Премиер лигата.

На девет кола до крајот на сезоната, Ливерпул е лидер на табелата со дури 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити и му недостасуваат само шест бода за и математички да ја обезбедат титулата која ја чекаат дури 30 години.

Долгиот период без шампионски трофеј поради кој и го загуби приматот на најтрофејна екипа во Англија (Ливерпул има 18 титули, а Манчестер јунајтед 20), доведе до тоа навивачите на големите ривали да се шегуваат со „црвените“.

Со последните случувања во светот и пандемијата на коронавирусот од која досега се заболени повеќе од 870.000 лица во целиот свет, а се починати повеќе од 43.000 лица, шегата на сметка на Ливерпул на Марио Балотели од 2012 година кога настапуваше за Манчестер сити, сега изгледа засташувачка.

Крајот на светот се одложува се додека Ливерпул не ја освои Премиер лигата. Според тоа, се чини дека сега сите сме сигурни – изјави Балотели во 2012 година како одговор на тоа дека според календарот на Маите крајот на светот ќе биде на 12 декември 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот