Пронајдени скелети и изгорени коски во мексиканска пустина

Мексико полиција/ Фото Архива на СП

Волонтери на невладината организација „Мајки во потрага” пронајдоа остатоци од два скелети и купишта изгорени делови од коски на „тајно место за отстранување на тела” во пустината на северната мексиканска држава Сонора.

Тие не прецизираа колку тела се пронајдени, а државните обвинители изјавија дека се работи за коски на три или четири лица.

Волонтерите на Сонора се главно мајки кои ги бараат своите исчезнати деца.

Локацијата во Санта Ана ја нарекоа „логор за истребување” и објавија видеа од черепи, остатоци од коски и облека што ја ископале од јами.

Во Сонора имаше крвави борби меѓу нарко-картелите, а според владини податоци, во Мексико се исчезнати повеќе од 95.000 луѓе.

Повеќе од 93.000 луѓе исчезнаа од 2006 година, кога владата започна војна против организираниот криминал.

Се верува дека повеќето од нив биле убиени од нарко-картели, а нивните тела биле фрлени во плитки гробници, запалени или растворени, пишуваат локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот