Пронајден администраторот на „балканска соба“ на „Телеграм“, му се закануваат 8 години затвор

Вочера во Србија бил сослушан Немања Стојиљкович (25) од Ниш, кој е осомничен дека бил администратор групата „балканска соба“ на апликацијата „Телеграм“, каде дека јавно објавувал фотографии и видеа со порнографска содржина, пренесува Блиц. 

По сослушувањето, обвинителството достави предлог до судијата по претходна постапка на Високиот суд во Белград да му одреди на Стојиљкович мерка забрането приближување, среќавање или комуницирање со неколку конкретни лица, како и за посетување одредени места поврзани со кривичното дело за кое се товари, додаваат од обвинителството.

Како што дознава Блиц, обвинителството ќе продолжи интензивно да работи со полицијата за утврдување докази за постоење кривично дело и одговорност на лицата, не само во врска со оваа група за комуникација преку социјалните мрежи, туку и други за кои има информации за евентуално извршување на кривични дела.

Стојиљкович е обвинет за кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетни лица за порнографија, соопшти српското МВР.

За ова дело, во зависност од начинот на извршување и последиците, можната казна се движи од парична казна и шест месеци затвор, до осум години затвор.

Откриена „балканска соба“ на Телеграм- над 36.000 мажи од регионот споделувале експлицитни фотографии од жени

Истрагата за овој случај е покрената по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин и директорот на полицијата, Владимир Ребич.

На социјалните мрежи во Србија пред неколку  дена се појави веста дека на апликацијата за допишување Телеграм постои група, која собира дури 36.000 мажи од Балканот за споделување на ваква одмаздољубива порнографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот