Откриена „балканска соба“ на Телеграм- над 36.000 мажи од регионот споделувале експлицитни фотографии од жени

Додека Јавното обвинителство во Македонија активно постапува за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“ оформени на социјалната мрежа Телеграм, српските медиумите јавуваат за постоење на балканска мрежа налик на Јавна соба во која партиципираат околу 36.000 мажи од Балканот и кои споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси од жени од регионот.

Станува збор за одмазничка порнографија која ја лиферуваат членовите и содржините ги разменуваат меѓу себе.

Откриена е и уште една група на девојки од Ниш, која брои 25.000 членови, објави Нова.рс.

Женските организации во Србија предупредуваат дека дека одмазничка порнографија е дигитално насиство и дека жртви најчесто се жени и девојчиња. Но ланецот не оди само од жртвите до насилникот, тука се сите луѓе кои споделуваат, коментираат и натаму ги дистрибуираат фотографиите кои протекле и снимките за кои немаат дозвола за објавување.

Наводно оваа скандалозна група на Телеграм во меѓувреме е згасната, како и што се случи со македонските групи „Јавна соба“.

А во Македонија истрагата за предметот познат како „Јавна соба 1“ е во тек и е во завршна фаза, додека предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка, соопшти денеска обвинителството.

-Во периодот од 19.12.2019 година до 28.1.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете, соопшти ОЈО додавајќи дека двете лица се осомничени за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Што се однесува до случајот „Јавна соба 2“  до овој момент од социјалната мрежа Телеграм не е добиен одговор на барањето од Обвинителството да ги идентификува креаторите, администраторите и членовите на групата, така што останува во предистражна постапка.

ОЈО активно постапува за утврдување кривична одговорност за групите „Јавна соба“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот