Промовирана книгата „Радио“ на Љупчо Јолевски

Со настап на уметници, актери и музичари, во форма на дваесет минутна радиоемисија посветена на културата, во придружната програма на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани беше претставена книгата „Радио“ на новинарот Љупчо Јолевски.

– „Радио“ ја сочинуваат повеќе од 730 страници и речиси исто толку фотографии и илустрации. Таа е сублимат на мојата новинарска работа во изминатава половина декада со избор на текстови пишувани и објавени на Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик. Таа е мое видување на македонската култура и во неа се внесени мислите и ставовите на многу познати и значајни уметници и творци, со намера културата, која е речиси набркана од медиумите, да понуди барем ронка од она со кое треба само да се гордееме – истакна Јолевски.

Издвојувајќи фрагменти од рецензиите за книгата, актерот Игор Трпчевски нагласи дека според музикологот Марко Коловски, книгата е вистински пресек на македонската духовна култура, со која во еден здив можат да се проследат духовните вибрации од овие простори кои се разлевале низ светот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот