Никола Поповски/ФотоЛ: НБРСМ

Професор Поповски: Инфлацијата постепено ќе се стабилизира, а од наредната година ќе се намали

Професорот Никола Поповски во интервју за МТВ објаснува дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата. Тој нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и на домашното штедење. Ја истакнува и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на компаниите за инвестиции во обновливи извори на енергија, преку пониски каматни стапки на овие кредити.

„Народните банки, централните банки, секаде во светот, како и нашата Народна банка, преземаат мерки колку е можно за да се контролира инфлацијата. Ако не за да ја намалиме, тогаш барем за да го оневозможиме натамошниот раст. Од тие причини, во неколку наврати, се зголемува базичната стапка на благајничките записи, односно референтната стапка, којашто стигна до 3%. Таа сè уште не е висока”, вели професорот Поповски.

Во однос на натамошната динамика на инфлацијата, Никола Поповски рече: „Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на 1% месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот