Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Проф. Спахиу: По визната либерализација, околу 500 000 граѓани би можеле да го напуштат Косово

Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, изјави дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500 000 граѓани.

Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово.

„Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители”, оцени професорот Спахиу.

Според него, Косово ќе остане без работна сила, а бројот на студенти „кои ќе ги прекинат студиите за работа и ќе заминат на Запад“ ќе се преполови.

„Покрај младите, Косово ќе го напуштат и слабо платените експерти. Кај граѓаните постои верување дека Косово не може да стане демократско општество во кое ќе се цени знаењето и стручноста. Секоја влада ги поставува неспособните и непрофесионалните на одговорни позиции, додека способните и образованите остануваат на маргините . Социјалните и економските проблеми со кои се соочуваат мнозинството жители на Косово се нерешливи за повеќето од нив, а единствениот излез е да заминат во земјите од Европската унија”, објасни Спахиу.

Само според податоците на Лекарската комора во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари.

Европската комисија вчера ја потврди препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот