Проф. д-р Живковиќ: Ќе се кандидирам за ректор – УКИМ е заробен од внатре и политиките ги водат тројца луѓе (ВИДЕО)

Тројцата проректори на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), проф. д-р Вујица Живковиќ, проф. д-р Гордана Јосифова-Неделкова и проф. д-р Владимир Петрушевски, како и Независниот академски синдикат, го обвинија ректорот Никола Јанкуловски дека во време на вонредна состојба незаконски закажал седница за избор на нов ректор, функција за која и самиот е кандидат.

Ректорот Јанкуловски вели дека започнатата постапка за избор на ректор за мандатниот период 2020-2023 е во целосна согласност со актуелниот Закон за високо образование, дека мандатот на ректорот на УКИМ не е истечен како и дека оваа законска процедура не е никаков лов во матно, туку дека само станува збор за спроведување на законска постапка.

Професорот Живковиќ за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека ова што се случува последните денови само му штети на Универзитетот.

-Многу пати му е укажано и на ректорот и на органите и на јавноста дека ова што се случува се коси со законот и не е во ред во ова кризно време да се спроведуваат избори кои не му доликуваат на Универзитетот. Прво и основно треба да се почитува Законот за високо образование. Да се спречи конфликтот на интереси, да се почитува статутот и законитоста. Дојдено е време органите на Универзитетот да не бидат управувани, туку да управуваат. Универзитетот е заробен од внатре. Јавна тајна е дека политиките овде ги водат тројца луѓе, водени од сопствен, личен интерес, изјави  Живковиќ.

Кандидатура за ректор со цел развој на Универзитетот.

-Јас ќе се кандидирам за ректор, бидејќи покрај тоа што цел живот го имам посветено на Универзитетот гледам можност во ова кризно време со храброста и користењето на потенцијалите на сите од УКИМ да помогнам во развој на Универзитетот, вели Живковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот