„ПРОЕКТИЛ“: Прекрасен гол на Алиоски во Чемпионшип! (ВИДЕО)

twitter.com/MoscowhiteTSB

Македонскиот репрезентативец кој треба да биде една од клучните алки за конечно Лидс јунајтед да се врати оваа сезона во Премиер лигата, постигна еден фантастичен погодок.

На стартот од второто полувреме на гостувањето кај екипата на Хадерсфилд, после еден изведен корнер топката дојде до Езгјан Алиоски кој од „прва“ распали и ја затресе мрежата на домаќините за водство од 0:1.

И на овој меч нашиот интернационалец е стартер, добива редовна минутажа од менаџерот Биелса и истата ја користи на најдобар можен начин.

Со нови три важни бода тимот од „Иланд роуд“ ќе остане на првото место во генералниот пласман во Чемпиониш.

За Алиски ова е вкупно трет гол во дресот на Лидс сезонава, претходно стрелаше против Милвол и Стоук сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот