Проект РЕАД: Можност за резиденција на автори и преведувачи

Регионални и локални писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Турција можат да се пријават за резиденцијалниот програм во рамките на проектот „Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД)“ и во текот на едномесечниот престој да размислуваат и творат на тема помирување и културна разновидност. Резиденцијалниот престој ќе го организираат проектните партнер – организации од петте земји. Секоја организација ќе прими два автора во текот на 2021 година. Во иста мера се добредојдени млади и не многу искусни автори, како и веќе етаблирани и автори со поголемо творечко искуство. Еден од критериумите за пријавување е авторот да има издадено најмалку две сопствени книги/ дела или два преводи.

Апликантите мора да се жители на една од наведените земји. Рокот за пријавување е до 29.4.2021, а резиденциите ќе се одржуваат во периодот од мај до декември 2021 година. Од избраните автори ќе се очекува да бидат продуктивни во текот на резиденцијалниот престој. Покрај работата на пообемниот проект, со кој ќе аплицираат, се очекува целосно да завршат и едно пократко дело (текст, есеј, поема, кратка приказна, статија, стрип), поврзано со општата тема: „Различноста на сличностите“, придонесувајќи кон помирување и меѓукултурна толеранција.

Регионалната мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти од регионот да придонесат кон интеркултурната толеранција и зајакнување на демократските вредности, со посебен фокус на младите. Проектот го имплементираат Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации Асоцијација „Крокодил“ (Србија), Центар за балканска соработка – „Лоја“ (Северна Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Културна асоцијација „Калем“ (Турција) и Центар за мултимедија (Косово).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 76, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-11 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот