Продолжува доминацијата на САД на штафетните трки

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Машката и женската штафера на САД на 4х400 метри го освоија златниот медал на последниот ден од атлетските натпреварувања на Олимписките игри.

Машката штафера на САД во состав Мајкл Чери, Мајкл Норман, Брајс Дедмон и Раи Бенџамин триумфираше со време од 2:55.70 минути и беа за една ипол секунда побрзи од Холанѓаните. Бронзениот медал го освои штафетата на Боцвана која оствари време од 2:57.27 минути.

Со ова, штафетата на САД ја продолжи доминацијата на Олимписките игри и го освои четвртиот златен медал на последните пет ОИ, осмо на претходните десет Олимписки игри.

Уште подоминантни се атлетичарките на САД кои го осовија седмиот златен медал по ред ОИ на штафетната трка 4х400 метри.

Репрезентацијата на САД предводена од Алисон Феникс, светската рекордерка Синди Меклахлин, Етинг Му и Далила Мухамад славеше со време од 3:16.85 минути.
За Алисон Феликс ова беше осми златен олимписки медал и вкупно 11 медал освоен на ОИ со што го потврди статусот на легенда на атлетиката.
Сребрениот медал и припадна на штаферата на Полска, додека трети беа атлетичарките на Јамајка.

Во женското финале во скок во височина победи Марија Ласицкене од Русија со скок од 202 сантиметри. Сребрениот медал го освои Никол Мекдормат, додека бронзата и припадна на Јарослава Махушчик од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот