Продолжена изложбата на Васко Ташковски во Даут-пашин амам
Ретроспективната изложба на Васко Ташковски во Даут-пашин амам поради големиот интерес на публиката ќе може да се погледне до 15 јануари, соопштуваат од Националната галерија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во специјализираната музејска продавница во објектот може да се купат различни подароци со мотиви од авторот Ташковски и неговите дела, како што се ленени торби, шољи, магнети и бележник.
Поради големиот интерес, првото издание на каталогот од изложбата е потрошено, но до крајот на следната недела ќе има и нов тираж за сите оние кои не успеаја да купат примерок, велат од Национална галерија за „Слободен печат“.
Инаку, во Чифте амам и Мала станица утре (недела) е последниот ден кога можете да ја погледнете Јубилејната изложба 75 години ДЛУМ на која со свои дела се изложени најголемиот број најзначајни македонски автори на едно место.
Објектите на Националната галерија работат секој ден освен понеделник, од 10 до 18 часот. Влезница за секој објект поединечно чини 100 денари, а посетата на изложбите е со почитување на здравствените протоколи и задлжителен сертификат за вакцинација против ковид-19.


