Продолжен за уште 24 часа штрајкот на вработените во грчките телевизии и во државната новинска агенција

epa03744482 Protestors hold placards with images of Greek renowned artists and writers during a protest against the closure of Greek State Television ERT in front of the Greek Parliament in Athens, Greece, 14 June 2013. The Greek Journalist Union (ESHEA) said 14 June it would continue a media blackout until early next week in a show of solidarity for fired colleagues at state broadcaster ERT. EPA/Fotis Plegas G.

Штрајкот на вработените во грчките национални и локални телевизии, во државната телевизија, радиото и интернет страницата на ЕРТ, во државната новинска агенција АНА-МПА, како и во Генералниот секретаријат за медиуми, што требаше да заврши попладнево е продолжен за уште 24 часа, а причината е новиот предлог закон на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од здруженијата на новинари и вработени во медиумите велат дека „во време на пандемија и пред Божиќ, ненадејно и со експресни процедури, ставен е на консултации  предлог законот од надлежниот министер Стелиос Пецас што вклучува одредби кои се закана за работните односи и права и носи намалување на работните места и масовни отпуштања“.

Бараат веднаш да се повлечат конкретните одредби од законот и Владата да започне дијалог со инволвираните страни.

Од вчера попладне, во Грција не се емитуваат вести на телевизиите, ниту пак информативни емисии, новинската агенција АНА-МПА не објавува и не дистрибуира вести, а единствено исклучок е информирањето за ситуацијата со Ковид-19 во земјата.

Штрајкот почна вчера во 18 часот и е продолжен до утре попладне.

Координативната комисија на вработените во медиумите, за нивните барања на одвоени средби ги информираше лидерите на политичките партии.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот