Процесот против Трамп во Сенатот продолжува во вторник

Сенатот официјално го извести Трамп за продолжување на процесот на отповикување и наводите вчера, на кои мора да се одговори писмено до сабота вечер.

Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува во вторник, 21 јануари, кога ќе бидат презентирани воведните аргументи во Сенатот.

Процесот во Горниот дом на американскиот Конгрес официјално започна во четвртокот.

Трамп ќе го бранат во Сенатот познати правници, меѓу кои и Кен Стар,  специјален истражител во процесот на отповикување на демократскиот претседател Бил Клинтон во 1998 година, и истакнатиот адвокат Ален Дершовиц.

Правниот тим на Трамп ќе биде предводен од правниот претставник на Белата куќа Пет Сиполони и личниот адвокат на Трамп, Џеј Секулов, а ќе им се придружат советникот на Трамп, Пем Бонди и поранешниот независен правен советник Роберт Реј, јави Си-ен-ен.

Сенатот официјално го извести Трамп за продолжување на процесот на отповикување и наводите вчера, на кои мора да се одговори писмено до сабота вечер.

Непартиската и независна владина агенција за надзор, што работи за Конгресот, донесе одлука во четвртокот дека претседателот го прекршил законот со привремено суспендирање на исплатата на воената помош за Украина, што веќе го одобрил Конгрес, притоа вршејќи притисок врз Киев заради политичка корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот