Проблемите околу Северен тек ќе ја подигнат цената на природниот гас

Мислењето на експертите е дека сите опции за решавање на правниот конфликт ќе доведат до зголемување на цената на гасот за крајните корисници и граѓаните на ЕУ, вели Лавров.

Гасоводот „Северен тек 2“ ќе биде завршен, меѓутоа тешкотиите до кои доаѓа за време на неговата изградба би можеле да доведат до пораст на цената на гасот за граѓаните на ЕУ, изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

– Мислам дека проектот не може да биде запрен. Убеден сум дека ќе биде имплементиран. Германија и другите европски земји чии компании се вклучени во неговата изградба се заинтересирани за тоа. Всушност цела Европа е заинтересирана, бидејќи тој ќе ја зајакне европската енергетска безбедност, изјави Лавров по состанокот на Советот на држави крај Балтичкото море, ренесува Тасс.

Како што истакна мислењето на експертите е дека сите опции за решавање на правниот конфликт ќе доведат до зголемување на цената на гасот за крајните корисници и граѓаните на ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот