Проблеми за Милевски, без Адеми против Лихтенштајн и Германија!?

Аријан Адеми неизвесен и за следните важни дуели на патот кон Мундијалот 2022/Амстердам Холандија/21 јуни 2021/Фото: EPA-EFE/Peter Dejong

Аријан Адеми, повторно би можел поради повреда да не биде во составот на селекторот Благоја Милевски за настапите во квалификациите за Светското првенство 2022.

Играчот на Динамо Загреб ги пропушти претходните три натпревари на А селекцијата овој месец кога ремизиравме со Ерменија, Исланд и Романија.

Следните два важни меча во борбата за второто место се закажани за 8 октомври кога гостуваме кај аутсајдерот Лихтенштајн, а три дена подоцна во Скопје доаѓаат Германците.

Вчера во Купот на Хрватска Динамо во 1/16 финалето како гостин го елиминираше Оријент со 1:4. Адеми беше стартер на овој меч и настапи до 58 минута.

Тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар вели дека овие денови ќе се следи сoстојбата со нашиот репрезенативец.

– Проблем е со капитенот Аријан Адеми, почувствува болка, ќе видиме каква е состојбата. Се надеваме дека не е ништо посериозно, но да почекаме – вели Крзнар за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот