Проблеми за Египет, Ливерпул не го пушта Салах да игра во квалификациите за СП 2022

Салах нема да може да и помогне на својата репрезентација/. EPA-EFE/Peter Powell

Англискиот премиерлигаш Ливерпул одби да го пушти својот играч Мохамед Салах да патува во Египет каде репрезентацијата ќе ги игра натпреварите од квалификациите за пласман на СП 2022 година, објави фудбалската федерација на Египет.

Ливерпул не дозволува Салах да патува во Египет бидејќи оваа африканска држава се наоѓа на црвената листа на британската влада во поглед на ограничувањата поради коронавирусот  и поради тоа напаѓачот би морал да помине две недели во карантин по враќањето во Англија.

Поради ваквата одлука на клубот, Салах ќе ги пропушти натпреварите на егупетската репрезентација против Ангола и Габон.

Во ноември минатата година, Ливерпул му дозволи на Салах да замине во Египет на венчавката на својот број, но по враќањето во Англија беше позитивен на коронавирус.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот