Проблеми во бракот? Огнен Амиџиќ јавно прозборе за расправиите со сопругата Даниела Димитровска! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатиот водител Огнен Амиџиќ и неговата сопруга Даниела Димитровска се зеадно веќе 10 години и поради тоа помеѓу нив постои доверба.

Како што вели Огнен, тој не гледа во телефонот на Даниела, а ниту таа има потреба да го прави тоа, иако има прилика.

Фото: Инстаграм

– Искрено, навистина не. Таа има шифра, ја знае шифрата од мојот телефон, ако сака може, но мислам дека не… Нема потреба – изјавил Огнен и додал:

– Ние сме 10 години заедно, ако сега нема доверба… Ајде, можеби на почетокот мислиш, но сега.. Навистина не во нашиот случај, не го правиме тоа.

Сепак признал дека се караат од време на време, но тоа е поради банални причини.

– Нормално е дека има караници. Ќе биде монотоно ако не се караме. Ние не се караме сега нешто, туку ако се случи некаков проблем, јас нешто сум заборавил, погрешил, не сум направил – рекол Амиџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот