Привремено затворени две училишни кујни и магацин во Карпош откако девет деца се заразија со салмонела

Ученици / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе вонреден инспекциски надзор и привремено ги затвори централниот магацин на ДПТУ Ванила фоод“ – ДООЕЛ Скопје од каде се снабдуваат со храна кујните во училиштата во Карпош и училишните кујни на ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Владо Тасевски“, откако вчера кај девет ученици е потврдена салмонела.

Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенција за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисови од работни површини а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени – соопштија од ДСЗИ.

Од Инспекторатот најавија дека денеска продолжува инспекцискиот надзор во училишните кујни на ООУ „Војдан Чернодрински“ и ООУ „Јан Амос Коменски“.

Врз основа на епидемиолошките анкети, стручното мислење како и препораки на епидемиолози од ЈЗУ ЦЈЗ – Скопје и ЈЗУ ИЈЗ-Скопје, ДСЗИ и понатаму ќе биде дел од координираните инспекциските надзори а се со цел да се спречи ланецот на ширење на заразното заболување – се додава во соопштението.

Клуч на врата за училишните кујни во Карпош: 9 деца заразени со салмонела

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот