Фото: МВР / илустрација

Приведен жител на Росоман поради нарушување на јавниот ред, физички напад и закани кон градоначалникот

Изминатата ноќ по полноќ, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со, како што велат од МВР, со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија.

Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички нападнал осумнаесетгодишно момче од село Паликура, при што употребил стаклен предмет. По извршените проверки било утврдено дека И.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.

Возачот кој му препречи пат на момчето на „Пластичарска“ бил дрогиран, тврди ОЈО и бара притвор

Претходниот ден, со И.А. бил извршен службен разговор по пријава дека во периодот од април 2026 година до денот на пријавувањето, преку социјална мрежа објавувал содржини насочени кон градоначалникот на Општина Росоман, со што кај пријавителот предизвикал чувство на страв и загрозеност.

За двата настана бил известен јавен обвинител, по целосно документирање против И.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот