Фото: Алсат / Alsat.mk

Возачот кој му препречи пат на момчето на „Пластичарска“ бил дрогиран, тврди ОЈО и бара притвор

Тој преминал преку двојна линија на крстосницата, влегувајќи му во патеката на движењето на 19-годишниот мотоциклист кој загина, велат од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отворило исграга против возачот кој вчеравечер предизвика трагична сообраќајна несреќа на „Пластичарската“ улица, во која загина 19-годишен мотоциклист. Тој ќе одговара за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од ОЈО, откривајќи дека тој бил под дејство на дрога и преминал на дупла линија на булеварот.

„Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил „Ауди А4“ по булеварот „Никола Карев“ и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата. Исто така, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото го управувал под дејство на наркотична дрога“, пишува во соопштението од ОЈО.

Обвинителството бара притвор за возачот.

„Бидејќи не се придржувал кон прописите  осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно. Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фатална несреќа во Скопје — загина млад моторџија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот