17 C
Скопје

Приведен родител за запуштање и малтретирање на малолетно дете

Малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот.

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада „Меѓаши” и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К.(44) и нејзината 16-годишна ќерка.

Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот.

На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и истата е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател. Н.К. е приведена во  полициска станица, а вчера е пренесена во психијатриска установа „Бардовци”, каде е задржана до понатамошна постапка.

Прочитајте и...  Богдановиќ: Во оваа ситуација, за жал, ќе мора да се издаде одобрението за градба кај „Холидеј Ин“

Сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

Поврзани вести

Ангелов оствари средба со синдикални претставници од КСОМ

Слободен печат

Алсат-М: Рашковски ќе гради хациенда од 800 квадрати во Побожје, а како инвеститори се заведени неговите деца

Слободен печат

Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Слободен печат

Антикризните закони утре во Собранието на „брза ленда“

Весна Тодоровска

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Слободен печат

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

Остави Коментар