Приведен кумановец баран со две потерници за доиздржување казна затвор

ФОТО: МИА

Полицијата вчера привела четириесет и осумгодишен кумановец баран со две централни потерници за доиздржување на казна затвор од десет месеци.

„Вчера (10.12.2023) во 22 часот на ул.„Антон Попов” во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода Љ.С.(48) од Куманово. Тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово” за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на две години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот