Притвор за шестмина осомничени за малверзациите со парцели во делчевско

Фото: Слободен печат

Судија на претходна постапка вечерва го прифати барањето на Обвинителството и им одреди притвор на шестмина од вкупно седумтемина обвинети за случајот „парцели за ЕВН“, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата.

-Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени седум лица. По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи, соопшти вечерва Основниот кривичен суд Скопје.

Воедно, судијата го прифатил предлогот на Обвинителството и донел решение со кое на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „измама во службата” од член 355 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за „помагање при извршување на кривичното дело”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот