Притвор за шестмина и мерки на претпазливост за петнаесет приведени во случајот со прилепската болница
Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки за претпазливост за петнаесет приведени за случајот со Прилепската општа болница.
Препорачано
– Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица – од Прилеп, Битола, Скопјe предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки – вели Јасмина Шишковска, претседателка на Основен суд Прилеп.
Управата за финансиска полиција вчера по наредба на Основното јавно обвинителство – Прилеп, кое од април годинава води предистражна постапка за сомнежи за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, направи претрес на осум локации, а приведени се над десет луѓе, меѓу кои и поранешната директорка на болницата.
Се истражуваат наводи за финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби на јавни средства.
Директорот Кире Јоноски, кој ја презеде функцијата во 2024 година, претходно изјави дека болницата ја затекнал со долг од речиси 193 милиони денари и дека биле забележани сериозни неправилности.
Истрагата, според информации од обвинителството, се проширува и кон други институции што соработувале со болницата. Еден од осомничените е хоспитализиран поради влошена здравствена состојба.


