Финансиска полиција влезе во прилепската болница, има повеќе уапсени
По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница, објави ТВ21.
Препорачано
„Се очекува дека активностите ќе ги вклучуваат преглед на документација и други мерки кои ќе помогнат да се утврди евентуалната одговорност на лицата поврзани со овие наводи. Јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите од постапката“, се вели во соопштението.
Полицијата, по барање на Финансовата полиција, уапсила дел од поранешното раководство на ЈЗУ општа болница „Борка Талески”, а неофицијално вкупно 25 луѓе се осомничени, а шестмина, меѓу кои и поранешната директорка на болницата, се во полициска станица.
Според извори од ОЈО Прилеп кои ги пренесуваат медиумите, првичните информации се дека предметот се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби со јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.
Полицијата ги претресла домовите на неколкумина од осомничените, а еден од нив поради влошена здравствена состојба е пренесен во болница.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
23мин
-
35мин
-
46мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


