Фото: илустрација

Пристигна вториот контигент на американските нови оклопни возила за македонската армија

Армијата на Република Северна Македонија по подолго време за потребите на воените сили конечно го доби вториот контигент од лесните оклопни возила ЈЛТВ од американско потекло.

Како што на прес конференција денес кратко изјави  министерката за одбрана Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање, на пристаништето во Солун, Република Грција, пристигната е втората испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.

Станува збор за нови 27 ЈЛТВ лесни оклопни возила од американско потекло. Досега македонската армија набави 6 вакви возила каде со овие 27, македонската војска ќе располага со 33 нови софистицирани оклопни возила кои одговараат на сите модерни НАТО стандарди на кои треба да се модифицира армијата. Ова е втора ваква испорака а првата испорака стигна минатата година во Јули, каде што тогаш Петровска ја објави оваа информација.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а во периодот што следи се очекува набавка на друга современа воена техника за опременување на армијата.

Инаку ЈЛТВ е едно од најсовремените оклопни возила во својата класа и Македонија има нарачано вкупно 45 возила ЈЛТВ-а.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот