Чистење под - Фото: pexels-pixabay

Природно средство за чистење подови што штеди пари и дава резултати

Дрвените подови внесуваат топлина и елеганција во секој дом, но нивното чистење и одржување на сјајот понекогаш може да биде предизвик. Иако комерцијалните средства за чистење ветуваат сјај без траги и долготрајна заштита, некои од нив можат да остават дамки на површината.

За оние кои бараат природна и економична алтернатива, експертите за чистење препорачуваат комбинација од маслиново масло и лимон како средство за чистење дрвени подови.

Оваа едноставна, но моќна мешавина не само што ги чисти подовите, туку и ги негува, оставајќи ги со блескав сјај без траги.

Таа ја должи својата ефикасност на својствата на секоја поединечна состојка. Маслиновото масло е природен навлажнувач за дрво – продира длабоко во површината, обновувајќи го исушените масла и спречувајќи пукање и сушење на даските.

Лимоновиот сок делува како природен дезинфектант и освежувач на воздухот. Неговата киселост помага во отстранување на нечистотијата, ја елиминира маснотијата и остава свеж, цитрусен мирис, додека подовите добиваат дополнителен сјај.

За да го подготвите ова средство, ќе ви требаат:

– ½ шолја маслиново масло
– ¼ шолја свежо исцеден лимонов сок
– 2 шолји топла вода

Сите состојки измешајте и добивате ефикасно, природно средство за чистење и нега на дрвените подови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот