Природен рецепт за брзо потемнување

Овој рецепт за домашно масло се први многу едноставно и брзо, а ќе ви помогне брзо да добиете прекрасен тен.

Ова лето конечно ќе имате прекрасен бронзен тен на кој сите ќе ви завидуваат.

Ви претставуваме рецепт за домашно масло за сончање кое се прави брзо и лесно, а дава феноменален ефект.

Состојки: 3 дл маслиново масло, 2 моркови, 6-7 млади ореви.

Подготовка: Во стаклена тегла изрендајте го морковот, исецкајте ги оревите и прелијте ги со маслиново масло. Добро затворете и оставете ја смесата најмалку 4 недели, најдобро би било 40 дена, да отстои на сонце.

Повремено протресете ја теглата. Кога ќе помине потребното време, процедете и добиеното масло ставете го во шишенце со прскалка.

Со оглед на тоа што овој препарат не штити од штетните сончеви зраци, односно, нема заштитен фактор, пред да го нанесете ставете заштитен фактор, па по половина час напрскајте се со маслото.

За два дена ќе забележите како ќе започне да се појавува прекрасниот бронзен тен, а вашата кожа истовремено ќе биде мека и нахранета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот