Кралското семејство објави дека шпанската престолонаследничка Леонора е во самоизолација бидејќи ученичка од нејзиниот клас има коронавирус.
Четиринаесетгодишната ќерка на кралот Фелипе ќе се тестира на коронавирус, како и сите ученици од нејзиниот клас во мадридското училиште „Санта Мариа де лос Росалес“.
Портпаролот на кралското семејство изјави дека кралот Фелипе и кралицата Летиција засега ќе продолжат да ја вршат својата работа.
