Принц Вилијам и Кејт Мидлтон со децата - Фото: Инстаграм

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се подготвуваат за голема промена по 15 години брак

Петнаесет години по нивната бајковита свадба, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлон се соочуваат со ново поглавје во нивниот приватен живот. Оваа есен, нивниот секојдневен живот значително ќе се промени, а семејството за првпат ќе доживее како е кога детето „ќе го напушти гнездото“.

Нивниот најстар син, принцот Џорџ, наскоро ќе стане тинејџер, па се очекува да биде испратен во интернат кога ќе започне новата школска година септември. Иако тоа е очекуван чекор, за семејството ќе биде емотивен момент што неизбежно ќе ја промени динамиката на домот, пишува „Хелоу“.

– Заминувањето на Џорџ во средно училиште ќе биде емотивно за нив. Тоа е шанса за него да ги рашири крилјата и да учествува во активности попладне и навечер, наместо да се врати дома кај мама и тато – рекол кралскиот автор Роберт Џобсон.

Тој додава дека и Вилијам и Кејт се добро запознаени со овој вид образование, бидејќи самите посетувале интернати: „Тие знаат како функционира. Не можете само да се вратите дома кога сакате. Сè мора да биде организирано.“

Затоа, иако тоа е логичен чекор во воспитувањето на Џорџ, неговото заминување ќе остави празнина во секојдневниот живот.

– Тие се многу блиско семејство; ќе им недостига Џорџ. Ќе биде како празно место на масата – заклучил Џобсон.

Принцезата Шарлот и принцот Луис ќе останат во семејниот дом во Виндзор, живеејќи со своите родители уште многу години, додека Вилијам и Кејт ќе продолжат да го негуваат својот препознатлив, посветен стил на родителство.

Блиски извори тврдат дека семејната стабилност е една од клучните причини за успехот на нивниот брак.

– Тие се одличен пример за среќно семејство – рекол пријател на двојката, додавајќи дека Вилијам отсекогаш се стремел кон таков живот, додека Кејт доаѓа од хармонична семејна средина која силно влијаела врз него.

Со текот на годините, двојката свесно изгради приватност и топлина во својот дом, обидувајќи се да им дозволат на своите деца да растат што е можно понормално и покрај нивните кралски обврски.

На крајот на април, Вилијам и Кејт ќе ја прослават својата 15-годишнина од бракот, без многу врева, со дискретно јавно ангажирање и прослави во семејниот круг.

Зад нив се години заеднички јавен живот, како и лични моменти кои дополнително ја зајакнале нивната врска. Од денот кога го започнаа својот заеднички живот како војвода и војвотка од Кембриџ, до денес, тие прераснаа во еден од најстабилните и највлијателни парови во британската монархија.

Прстенот што принцот Вилијам ѝ го подарил на Кејт кога биле студенти има сентименталната симболика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот