Kире Ивановски - Балче/FB

Прилепчанец најави дека ќе се самозапали ако Победа престане да постои

Еден од најпознатите навивачи во Прилеп, Кире Ивановски – Балче револтиран од ситуацијата во која се најде еден од најславните македонски клубови, преку социјалните мрежи најави дека ќе се самозапали, ако клубот не продолжи со настапите во Втората лига.

На својот фејсбук-профил Балче објави дека по излегувањето од болница во Отетешво ќе се упати на стадионот за натпреварот помеѓу Победа и Новаци, а ако овој дуел не се одигра, како што вели, подготвен е на радикален чекор.

„Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Се за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин!“, стои во неговата објава на социјалните мрежи.

Инаку, Ивановски, пред да заврши во болница, редовно излегуваше во центарот на градот каде што го изразуваше незадоволство од ситуацијата на прилепската гордост.

Победа се мачи да опстане – се откажа од настап во Втора лига

Детали за состојбата – ФК Победа само кон УЈП должи над 100.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот