Фото: ФК Победа

Детали за состојбата – ФК Победа само кон УЈП должи над 100.000 евра

Општина Прилеп денеска ја потврди информацијата дека сениорската екипа на Победа се повлекува од натпреварувањето во Втората лига. Одлука што ги растажи фудбалските фанови ширум земјата, особено поради блескавата историја на клубот како двоен шампион.

Според локалната власт, напорите за спас на клубот биле континуирани, но секој обид за соработка со мнозинските сопственици се покажал како залуден. Општината повеќепати повикувала на дијалог за изнаоѓање долгорочно решение, но сопствениците не покажале подготвеност за заеднички чекори, ниту пак за формирање легитимни управувачки органи или назначување извршен директор, што го довело клубот во практична блокада.

И покрај тоа, Општина Прилеп одлучила да помогне со еднократна финансиска поддршка од еден милион денари. Сепак, реализирањето на таа помош законски било невозможна – прво поради изборниот процес, а потоа поради блокираната сметка на клубот, резултат на долгогодишно недомаќинско работење. Според официјалните податоци, Победа има долг кон Управата за јавни приходи од над 7 милиони денари (околу 114.000 евра), вклучувајќи неплатени придонеси за вработени, ДДВ, данок на добивка и персонален данок. Општината истакнува дека во таква состојба, секои пари од буџетот немало да отидат за функционирање на клубот, туку би завршиле за покривање на долговите на фирмата-сопственик.

Победа се мачи да опстане – се откажа од настап во Втора лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот