„Прилеп фолк фест 2022“ на 26 мај: Ќе настапат најголемите македонски фолк ѕвезди

Фото: Промо

Имајќи ја предвид долгогодишната, а сега и постпандемиската состојба на евидентен дефицит на квалитетна македонска народна музика, која што во својата основа би ги задржала сите карактеристики на македонскиот јазично-текстуален контекст со современ музичко-аранжерски пристап и сценско визуелно обликување, оваа година ќе се одржи шестото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест 2022“.

Фестивалот ќе се одржи на 26 мај, во Домот на културата „Марко Цепенков“.

На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди:

Блага Петреска, Наум Петрески, Нино Величковски, Зуица Лазова, Марјан Коцев, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Сузана Гавазова, Сања Ристеска, Сања Барбика, Спасен Сиљаноски, Анета Арсовска, Живе Мешуревски, Јордан Митев, Татјана Стефановска,  групите „Фокус“, Анета и „Молика“, „Скопски боеми“ и „Маестро“, со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски

Фестивалот е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“ – Скопје, а под покровителство на општина Прилеп.

– Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика. Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни – изјави г-динот Борче Нечовски, директор на фестивалот „Прилеп фолк фест“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот