Пријатно изненадување за Денот на вљубените: Милош Биковиќ и Бајага со заедничка песна(ВИДЕО)

Актерот Милош Биковиќ и славниот музичар Момчило Бајагиќ Бајага подготвија пријатно изненадување за Денот на вљубените – воочи премиерата на романтичнатак комедија „Хотел Београд“, денеска е објавена песната „Дарија“, која со заеднички сили ја изведоа младиот актер и искусниот музичар.

Оваа песна е направена за филмот „Хотел Београд“ како знак за благодарност на нашата прекрасна актерка Дијана, која со својот талент и верба во овој потфат направи Белград и Србија блескаат во нов сјај под филмските рефлектори – објасни Милош Биковиќ.

Биковиќ посебно му се заблагодари на Бајага со зборовите:

Пораснав со твоите песни. Чест ми е што сум со тебе, легендо – изјави Биковиќ.

Премиерата на филмот „Хотел Белград“ е закажана за 10 март во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот