Прибак: Вардар ми е во срцето
Поранешниот македонски репрезентативец, Немања Прибак, кој во два наврати вкупно пет години го носеше дресот на Вардар (2007-2009 и 2012-2015) за прв пат играше против „црвено-црните“. Прибак вечерва во дресот на Војводина постигна три гола во поразот од 25:21.
Препорачано
– Честитки за Вардар, од една страна мило ми е што Вардар игра добар ракомет, дисципиниран. Стевче Алушовски ми е пријател од играчките денови. Вардар ми е во срцецот и го сакам овој клуб. Од друга страна, ние го загубивме натпреварот поради промашените зицери. Премногу го респектиравме Борко Ристевски кој имаше одлична партија. Не мислам дека игравме лошо, но она што требаше да се финализира не го направивме. Фаќаме еден ритам за српскиот плејоф кој почнува на 20 февруари, сѐ на сѐ – задоволен сум – изјави Прибак.
Тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ смета дека неговите ракометари имале преголем респект кон Вардар.
– Натпреварот го одлучија нашите зицери, сигурно промашивме 10-12 од кои можеби повеќе беа во ситуација еден на еден со голманот. Многу го респектиравме Вардар во првото полувреме која противникот се оддлепи на 4-5 гола разлика по 7-8 минути игра и таа предност ја одржуваа. Ристовски беше непремостлива пречка за нас на овој натпревар, а можам да бидам задоволен од прикажаната игра во второто полувреме – рече стратегот на Војводина, Ројевиќ.


