Прибак: Да не беше Михајловски, Вардар ќе згаснеше!

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Пет години го носеше дресот на скопски Вардар, поранешниот македонски и српски репрезентативец зборуваше за својот поранешен клуб.

Немања Прибак, искусниот среден бек кој последните две сезони беше член на Војводина од Нови Сад, смета дека сезоната за македонскиот шампион беше успешна.

– Мислам дека е добра сезоната, 4 на 5, или дури 5 на 4, кога ти дава оценка учителката. Зошто? Затоа што се променија многу работи. Не една, не две, сè се промени.

Се промени управата, секретарот, сите комплет. Го познавам Михајло Михајловски и јас верував дека никогаш нема да се врати во Вардар. Се појави како апсолутен спасител. Да не беше тој, клубот ќе згаснеше. Се појави тој човек, најде што можеше на ракометниот пазар, се промени тренерот. Испаднаа од Веспрем, го освоија првенството и Купот пред Е. Пелистер кој има супер екипа. Зошто таа сезона не беше добра? Што требаше, да се оди на Фајнал-фор? – рече Прибак.

Целото интервју на Прибак за Јутјуб каналот „DO HANDBALL“ можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот