При чистење не пропуштајте ги овие места во кујната

Кујнските работни површини ги одржувате беспрекорно чисти, во мијалникот немате валкани садови, а вашиот фрижидер е чист и уреден? Постои голема веројатност ненамерно да занемарувате некои делови од кујната.

Ако секојдневно готвите, вашата кујна бара често и темелно чистење. Следен пат кога ќе се подготвите за генералка во кујната, погрижете се и за овие често заборавени кујнски простори.

Филтри од аспираторот

Сместен над шпоретот, аспираторот помага во проветрување на кујната и отстранување на мирисите, гасовите и топлината кои можат да се насоберат при готвење. Бидејќи овој дел од кујнската опрема речиси секогаш е вклучен при готвење, можете да замислите колку се валка неговата внатрешност, а особено филтрите. Лесно можете сами да ги извадите и измиете во машината за садови или рачно со врела вода и сапуница. Но внимавајте да не ги оштетите со силно триење и јаки хемикалии.

Машина за садови

Машината за садови е многу корисен апарат, а многумина не можат да го замислат животот без неа. Затоа важно е при чистење да обрнете внимание на неа. Секако избришете ја внатрешноста, особено обрнете внимание на црната гумена лента која помага при затворање на машината, бидејќи тоа место е најчувствително на мувла. Извадете го и темелно измијте го филтерот, кој е на дното од машината.

фото:пексел

Канта за ѓубре

Дури и ако редовно ги менувате ќесите за ѓубре, понекогаш тешко е да избегнете создавање непријатни мириси. На неколку недели задолжително исчистете ја внатрешноста од кантата со универзално средство за чистење или сапун. Ако има непријатен мирис ставете малку сода бикарбона на дното и нека отстои 10 минути. Потоа истријте и измијте ја на отворено. Исто така можете на дното да ставите неколку листови кујнска хартија пред да ставите нова ќеса. Тие ќе ги задржат непријатните мириси.

Торби за пазарување

Ако носите со себе торби за пазарување, тоа е многу добро затоа што на тој начин помагате во заштита на околината од пластичните ќеси, а воедно штедите. Но, не заборавајте повремено да ги исперете во машина, бидејќи во нив со тек на време се намножуваат бактерии, габи и други нечистотии.

Рачките од кујнските елементи

Постојаното отворање при готвење, или земањето садови и продукти, значи допирање на рачките со (не)чисти раце. Повремено исчистете ги со средство за одмастување, па пребришете ги со мека крпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот