Превентивна програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно - Слободен печат
ВестиМакедонија

Превентивна програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно

Бесплатни услуги од дерматолог, психолог, гинеколог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции.

Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство. Во овој центар, граѓаните можат бесплатно и доверливо да направат:

– Гинеколошки прегледи и советувања (дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед);

– Дерматовенеролошки прегледи (крио-терапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија);

– Тестирање за ХИВ;

– Психолошки советувања;

– Врсничка едукација/едукација со педагог;

– Дистрибуција на кондоми и едукативни материјали;

– Советувалиште за превенција од употреба на дроги.

Сите услуги се пристапни и достапни и за лица/млади со попреченост. Услугите се одвиваат во однапред определен фиксен термин во времетраење од 3 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close