Претседателски избори во Франција : Неизвесноста ги мати надежите на Макрон

Франција избори/ Фото Magali Cohen / AFP / Profimedia

Иако актуелниот претседател Емануел Макрон беше јасен фаворит на претседателските избори во Франција до неодамна, последните анкети направени деновиве покажуваат дека разликата во поддршката меѓу сегашниот претседател на државата и лидерот на крајната десница, Марин Ле Пен се намалува, пред утрешниот прв круг од претседателските избори во државата.

Европските медиуми анализираат дека денсичарската популистка Марин Ле Пен сега опасно му се приближиува на Макрон а трката кој ќе биде новиот шеф во Елисејската палата допрва станува неизвесна.

Доколку се исполнат предвидувањата, новиот претседател на Франција ќе биде познат по вториот круг на изборите, закажан за 24-ти Април.

Она што ќе го одреди победникот е излезноста, а сите анализи навестуваат дека овие избори може да бидат со досега највисок процент на апстиненција на гласачите.

Истовремено, кон неизвесноста придонесува и фактот дека тројца од десет избирачи се уште не одлучиле за кој кандидат ќе го дадат својот глас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот