Денеска Министерството за здравство информираше дека во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (42г) од Ресен.
Станува збор за претседателот на ракометната екипа Преспа, Илче Котевски, за кого се бараше крвна плазма деновиве.
– Почивај во мир претседателе. Денеска на жалост ракометниот клуб Преспа, загуби член од семејството, човек кој придонесе премногу за овој ракометен клуб! Секогаш ќе живееш во нашите срца!! – соопштуваат од РК Преспа.