Претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија поднесе оставка поради притисокот од јавноста

Фото: EPA/VASSIL DONEV

Претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија, Борислав Михајлов денеска поднел оставка од функцијата поради големиот притисок од јавноста.

Навивачите пред последниот квалификациски натпревар во Софија организираа протести против Михајлов, а протестите прераснаа во големи немири во кои беа запалени и неколку возила, имаше и повредени.

Набрзо по немирите Михајлов излезе со изјава дека нема намера да се повлече, но очигледно во изминатите денови го сменил ставот, па си заминвуа од функцијата.

„Поднесов оставка. Од првиот момент кога дојдов на чело на БФФ бевме изложени на многу притисоци, критики, лаги, агресија…И во таква ситуација успеавме да оствариме голем број од плановите. Репрезентацијата не се претстави во најдобро свело, но кога е спортот во прашање, никогаш не можете да имате гаранција за успех. Тоа што можев јас да го направам, го направив“, изјави Михајлов.

Новиот прв човек на бугарскиот фудбал ќе биде избран најверојатно на 15. март 2024 година.

ФОТО+ВИДЕО: Протестот на бугарските навивачи прерасна во големи нереди во Софија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот