Сашко Кедев / фото: Ал Џазира/принтскрин

Претседателката Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со орденот „8 Септември“ за историски придонес за државата и за медицината

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе му го додели орденот „8 Септември“ на кардиологот проф. д-р Сашко Кедев, во признание за неговата улога во конституирањето на независна Македонија, исклучителните достигнувања во медицината и историскиот алпинистички подвиг како прв Македонец што ги освоил сите 14 осумилјадарки.

„Орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации,“ соопшти Кабинетот на претседателот.

Нема абер од комисиите што ги истражуваат обвинувањата на Кедев

Натаму, додаваат оттаму, за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1.600 трансрадијални каротидни стентирања, за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Веб оф сајнс“, H-индекс 36 и 13.650 цитати, а и за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија.

Орденот на Кедев ќе му биде доделен и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8.000 метри надморска височина, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Скандалозно: На 10 пациенти им било оперирано срцето без потреба, утврди Комисијата на Министерството за здравство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот