Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Фото: EPA-EFE/PETER RAE

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 17 до 23 степени.

Времето денеска преку денот ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во југоисточните делови од земјава.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот