Пресврт во борбата за старателство: На Северина ѝ го вратија синот по две години

Фото: Instagram

Хрватската пејачка радосната вест ја сподели со обожавателите во Црна Гора, пред кои имаше настап. Веќе две години таа ја води правната битка за старателство над синот Александар, кој му припадна на таткото Милан Поповиќ. Сепак, по сè изгледа дојде до пресврт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Имено пејачката имаше концерт во Црна Гора и не издржа, а да не се пофали со убави вести.

Не можам да ви кажам за што се работи, но детето се врати дома. Вие први знаете, сè уште не е објавено. Ви благодарам за поддршката на сите. Да запееме заедно, изјавила Северина и во истиот миг се слушнале силни вресоци, а снимката станала вирална на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


За потсетување, хрватската пејачка и нејзиниот поранешен сопруг, со години бијат битка околу старателството над синот Александар. Северина го изгуби спорот со Милан во ноември 2019 година, оносно детето остана да живее со татко му кој самостојно се грижеше за него. Таа мерка до сега беше на сила, а во изминатиот период Северина повеќепати јавно се жалеше на одлуката и истакнуваше дека е срамна.

Видео на денот