Пресврт на „Камп Ноу“: Валверде останува, се враќа Нејмар!?
Најпрвин се говореше дека Барселона го отпушти Валверде, но претседателот на клубот, Жозеп Мартија Бертомеу му даде поддршка на тренерот.
Препорачано
Бертомеу вели дека тренерот не е виновен за поразот во финалето на Кралскиот куп од Валенсија, како и срамната елиминација во Лигата на шампионите од Ливерпул.
– Сакам да ја истакнам важноста, да му помогнам на клубот, зборувам за Валверде. Тој има поддршка од играчите, од Меси и Жерар Пике, од Алба до Ракитиќ – вели Бертомеу.
Reports: Barcelona move to swap Dembele for Neymar https://t.co/4TQwNEPP6m pic.twitter.com/lda6OKc8mx
— TheNewsbook (@newsbookng) May 29, 2019
Потсетување дека Нејмар кој во меѓувреме се повреди на тренингот на репрезентацијата пред стартот на Копа Америка, го откупи својот договор пред две години со Барса за 222 милиони евра и го напушти клубот во не баш пријателски односи.
Но, како што шпекулира каталонскиот „Спорт“, заборавено е минатото и можно е уште во јули да се врати на „Камп Ноу“ и повторно соработува со Лионел Меси и Луис Суарез.
Во спротивен правец би можел да оди Дембеле, платен 140 милиони евра не долго по заминувањето на Нејмар во ПСЖ.


