Барселона го отпушти Валверде

EPA-EFE/RAUL CARO

Ернесто Валверде повеќе не е тренер на Барселона, објави каталонскиот весник „Мундо депортиво“. Во текот на денешниот ден бил одржан состанок на Валверде со членови на управата на Барселона на кој му било соопштено дека тој нема да ја води екипата во следната сезона.

Тренерот само си го потпиша отказот со двата порази месецов, шокантниот од Ливерпул (4:0) со кој Барселона беше елиминирана во полуфиналето на Лигата на шампионите и саботниот пораз од Валенсија (2:1) во финалето на Кралскиот Куп. Според управата на клубот, освојувањето на титулата во Ла Лига е премалку за тим од реномето на Барселона, во случај кога сезоната можеше да се заврши со тројна круна.

Според весникот, нов тренер на Барселона се очекува да биде селекторт на Белгија, Роберто Мартинез со кого веќе се направени првични разговори. Според весникот, Мартинез е расположен да седне на клупата на Барселона, веднаш по завршувањето на јунските квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот