Пресуди „петардата“, Фавр не е повеќе тренер на Дортмунд!

Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

После високиот изненадувачки пораз од Штутгарт на нашиот Дарко Чурлинов во Бундеслигата, веднаш реагираше управата на „милионерите“.

Лусен Фавр не е повеќе тренер на Борусија Дортмунд која загуби на домашен терен од Штутгарт со резултат 1:5.

Овој резултат е чекор назад на патот кон шампионската титула во најсилното германско првенство, односно моментно на табелата Дортмунд е на петтото место со 19 бодови, пет помалку од водечкиот Баерн Минхен.

Фавр успеа во Лигата на шампионите да го освои првото место во групата „Ф“ и обезбеди настап во осминафиналето, но игрите на домашната сцена не се покажуваат како најдобри. На последните пет бундеслигашки средби имаат само една победа, едно реми и дури три порази.

Помошник тренер Един Терзиќ привремено ќе ја води екипата до крајот на тековната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот