Преработувачите очекуваат подобрување на состојбата во наредните три месеци

Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец и во однос на април 2019 година.

Според објавените податоци состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2020 година изнесува 67.0 проценти од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производствотоимало недоволната странска побарувачка со 18,8 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 отсто, неизвесното економско опкружување со 15,9 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,9 отсто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот