ФОТО | Препреки до искачувањето и мали разочарувања: Бојана со интимна приказна за сопругот
Бојана Скендеровски ја објави најемотивната приказна за својот сопруг Васко, со кого е во љубов повеќе од 12 години.
Препорачано
Веднаш по концертот што го одржа на 21 март во Штип, пејачката замина на семејно патување во Виена, со сопругот, ќерката Искра и синот Ѓорѓи.
Сликата што ја објави Бојана е носталгично сеќавање на нивното патување пред 12 години во истиот град, а Бојана ја опиша на интересен начин.
„Пред 12 години и денес, на истото место – палатата Шенбрун. Во меѓувреме, две ангелчиња, заедничка продукција, многу проекти, спомени, препреки до искачувањето до победите, мали разочарувања и многу љубов, тоа сме ние. П.С. Не ни е годишнина“, сподели пејачката.
Во едно интервју за „Слободен печат“, пејачката откри што таа и сопругот научиле еден од друг по десет години брак и што си замеруваат еден на друг.
„Порано имавме повеќе време за замерка, сега сме преокупирани со други нешта. Немаме сериозни проблеми (му благодарам на Бога), а иако сме различни личности, сме се адаптирале еден на друг. Љубовта е клучна, без неа ништо не би функционирало. Воодушевувачка е неговата трпеливост, упорност и интелигенција. А ме нервира тоа што е бавен, бидејќи јас сум пребрза“, сподели Бојана Скендеровски за сопругот.


